Германскиот министер за надворешни работи: Пред САД не треба да седиме како зајаци пред змија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Првиот човек на германската дипломатија, министерот за надворешни работи Хајко Мас, побара од Европската унија да се откаже од принципот на едногласно донесување одлуки за да не се најдат нејзините членки „како зајаци пред змија” поради санкциите воведени од САД.

Мас во интервјуто за Билд го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп за изјавата дека ЕУ е непријател на САД.

– Во случај на економски санкции или воведување царини, не треба да седиме како зајаци пред змија – нагласи германскиот министер.

Тој увери дека Европа не е поделена, потсетувајќи на единствената реакција на Унијата за воведувањето на царини на САД и повлекувањето на Вашингтон од иранскиот нуклеарен договор.

Мас, исто така, ја нагласи потребата за промена на начинот на кој се носат важни одлуки за надворешна политика на ЕУ, бидејќи сегашното правило за едногласно донесување одлуки, според него, доведува до зголемување на тензиите во самата Унија.