Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонците Игор Пирковски, Жикица Ивановски и Игор Јовановски го истрчаа ултрамаратонот околу Мон Блан долг 171 километар.
Станува збор за една од најпознатите и најпрестижните трки во планинско и ултрамаратонско трчање на светско ниво. На оваа трка секоја година учествуваат 2500 учесници кои имаат 46 часа за да го направат овој подвиг.
Македонските атлетичари на целта влегоа заедно и се пласираа на 357., 358 и 359-то место во конкуренција на околу 2.500 учесници.
На стартот се појавија уште двајца маратонците од нашата земја, Александар Симјаноски и Никола Цицоски, но тие не ја истрчаа делницата.
Ултра маратонот околу Мон Блан стартуваше во петокот. Самата трка е уникатна и единствена бидејќи нејзината патека минува низ три држави – Франција, Италија и Швајцарија, а преку многуте планински врвови, превои и патеки таа комплетно го заобиколува масивот Мон Блан. Стартот и финишот се во центарот на Шамони