Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најмалку осум лица загинаа во денешниот терористички напад во сомалискиот главен град Могадишу, меѓу кои со сигурност е и едно дете. Најголем дел од жртвите се цивили.
Според медиумите, цел на нападот била административна зграда во областа Холвадаг.
Според агенцијата „Танјуг“ бомбаш-самоубиец активирал експлозив во возило пред контролен пункт. Се тврди дека возачот се обидел брзо да мине преку пунктот, но бил спречен од страна на припадниците на безбедносните сили, по што го активирал експлозивот.
Училиште, џамија и повеќе куќи се оштетени во нападот.
Се претпоставува дека нападот бил организиран од страна на исламистичката група Ал Шабаб, која со години се бори против сомалиските власти и нивните западни поддржувачи.