Заев: Ако падне референдумот, завршуваме и ние (ВИДЕО)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Премиерот Зоран Заев ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи и да овозможи успешен референдум за, како што рече, успешна иднина на заедничката држава.

– Како премиер имам мандат до 2020 година. Ако падне референдумот и не успее, веројатно завршуваме ние со политиките овде. Но, зошто би ни била потребата од владеење кога ни нема иднина државата. Оттука ги црпам ставовите за одговорноста на сите главни политички чинители политички во државата вклучително и ВМРО-ДПМНЕ дека мора да се застане во обезбедување просперитетна иднина на РМ, рече Заев на конференција „Македонија гледа напред: Мигот е да се фати возот за ЕУ“.

– Не постои друг алтернативен пат за оваа наша заедничка земја и затоа нема да престанам да упатувам повици опозицијата да се вклучи во референдумот, рече Заев.

https://www.facebook.com/videovesti/videos/1652701804856856/