Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Турскиот репрезентативец, Нури Сахин пред неколку години беше еден од најбараните фудбалери на светот и направи трансфер во Реал Мадрид.
Плејмејкерот блесна во дресот на „милионерите“ под водство на Јирген Клоп и важеше за еден од најперспективните фудбалери во Европа. За него интерес покажаа најголемите европски клубови, а тој го избра „кралскиот“ клуб.
Меѓутоа, Сахин не се снајде најдобро на „Сантиаго Бернабеу“ и од тогаш неговата кариера тргна во надолна линија. Најпрво беше позајмен една сезона во Ливерпул, а потоа трајно се врати во Борусија Дортмунд.
Денес за него нема место ни меѓу „милионерите“, па се решија да го продадат во Вердер Бремен и тоа за само 1 милион евра.