Kekko Fornarelli Trio, Fierce и Владимир Четкар за одличен почеток на „Прилеп џез викенд 2018“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со трите одделни вечерни концерти на Kekko Fornarelli Trio од Италија синоќа на камерната сцена во Домот на културата „Марко Цепенков“, Fierce и Владимир Четкар на отворената летна сцена на Домот на Културата, во Прилеп започна 7-от по ред интернационален  „Прилеп џез викенд“.

Kekko Fornarelli Trio

Фестивалот, во три одделни концертни вечери, ќе трае до сабота и ќе понуди богата програма и врвна џез музика на гостите од Грција, Германија, Србија и Македонија.

Програмата е комбинација на медитеранскиот, врвен балкански и македонски џез. Вечер, публиката ќе може да ужива во настапите на Јордан Костов и „Шангај Интенс“, на „Палете Ансамблот“, односно „Сократис Воцкос Квартет“, а вечерта ќе ја затвори бендот на Васил Хаџиманов.

Fierce

Последниот фестивалски ден, сабота, е резервиран за Јаков Дренковски, французите „Ле Бал Пури“ и српската група „Деца Лоших Музичара“.

Владимир Четкар со бендот

Фото: Александар Еленин