Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Станува збор за интригантна приказна за една девојка со тешка судбина и тројца млади луѓе кои се решаваат заедно да тргнат на патешествие – да снимат филм.
– Премиерата на првиот македонски филм во жанрот еротска комедија „Мејкинг Оф“ ќе се оджи на 6-ти септември 2018 г. во 20.30 часот во кино салата Синеплекс. Филмот е проект на продуцентската куќа Аурипигмент од Скопје, а е работен според сценарио и режија на м-р Кузман Кузмановски. „Мејкинг оф“ ќе го продолжи својот прикажувачки живот по 6-ти септември на редовниот репертоар во Синеплекс и низ кино салите ширум Македонија.
Станува збор за интригантна приказна за една девојка со тешка судбина и тројца млади луѓе кои се решаваат заедно да тргнат на патешествие – да снимат филм.
„Мејкинг Оф е вистинска приказна за урбаното живеење во метропола каква што е Скопје. Главни ликови се Соња, Продуцентот, Гратисот и Режисерот. Сите имаат различна мотивација – зошто сакаат да го снимат филмот. Испреплетени се во страсни врски и сета младешка енергија подгреана од асфалтот ја насочуваат во сексот. Но, дали е тоа доволно? Од филмот ќе откирете дали во тој општ галиматијас има место за љубов? “, вели режисерот Кузмановски.
Кинематографер на филмот е Марко Петрушевски, а актерската екипа ја сочинуваат Александар Микиќ, Александра Павлова, Владо Дојчиновски, Ванчо Петрушевски, Хана Менсон, Дубравка Киселички , Катина Иванова, Љупчо Бојковски, Лазе Манасков, Пирунка Киселички, Мартин Минговски.