Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација на 9-ти септември против Ерменија ќе го започне натпреварувањето во Лигата на нациите.
Фудбалската федерација на Македонија денес ги одреди цените на билетите за овој меч. Со оглед на слабата посетеност и за очекување беше цемите да бидат „симболични“.
Македонските фудбалски фанови од понеделник, 3. септември, ќе можат да купат билет за натпреварот Македонија – Ерменија.
Цената на влезниците изнесува 100 денари за јужна трибина и 150 денари за северната трибина од Националната арена „Филип Втори“.