Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Оддамна е познато дека музиката е голем дел од нашиот живот, и често нашиот главен поттикнувач, задоволство и мотиватор. Она што е уште поважно е дека научниците неодамна открија на кој начин музиката го оплеменува и нашиот професионален живот.
Кога веќе не можете да издржите во канцеларија, музиката често може да ви донесе големо олеснување. Пред да притиснете плеј, треба да знаете како музиката може најдобро да ви користи. Исто така, треба да знаете и кога е време за „стоп“.
Учење = Стоп
Кога учите, потребно е вашиот мозок да анализира и памети факти и информации. Кога музиката е вклучена, вашиот мозок автоматски перципира аудиосодржина како приоритет. Поради ваквиот мултитаскинг, мозокот може понекогаш да направи грешка при паметење и репродуцирање на наученото. Може да се случи да се помеша она што треба да се присвои. Така што, доколку нешто треба да научите на работа, најдобро би било да ја исклучите музиката, особено доколку таа содржи зборови, а не само мелодија.
Бука = Плеј
Доколку на вашето работно место е бучно, вашиот мозок ќе се обиде да ги запамети деталите од податоците кои ги слушате од буката. Тие податоци ви ја одземаат енергијата која треба да ја насочите на работата која мора да ја завршите. Тоа исто така, го подигнува нивото на лачење на хормонот на стресот и го подигнува нивотот на допамин, што лошо влијае на пефронталниот кортекст на нарушување на функционалноста. Вашата продуктивност може да опадне дури и доколку вашата задача не е учење. Во вакви сценарио музиката навистина може да помогне, да ве смири и заштити од многу содржини околу вас.
Репетитивни работи = Плеј
Неколку студии покажаа дека луѓето кои слушаат музика во текот на извршувањето на репетитивните работи и истите можат да се извршат многу побрзо и со помалку грешки. Ова е случај што музиката ги емитира трасмитерите на добро чувство, односно, посреќни сме кога слушаме музика, а работата која ја работиме не е побарувана. Кога сте опуштени и среќни фокусот ви е подобар. И хирурзите слушаат музика во рутинските операции бидејќи ги ослободува од стрес кој би можел да влијае на нивниот фокус и перформанси. Ова убаво расположение се пренесува и на вашиот однос со колегите и го подобрува тимското работење.
Нова музика = Стоп
Кога слушате музика која досега не сте ја слушнале, се активираат вашите чула и се јавува елемент на изненадување и новост. Вашето тело ослободува допамин за да реагира на новост, правејќи да чувствувате одредено ниво на задоволство. Затоа музиката лесно успеа да го заведе умот и да го премести вашиот фокус на нова мелодија и да ве одведе од работата.