Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Црвена Звезда го слави својот историски успех во групната фаза од Лигата на шампиони, откако синоќа го елиминира Салцбург.
Ова за Црвена Звезда е прв пласман во ЛШ после 1991 година и тоа избирен на драматичен начин, со оглед на фактот што имаше негатива од 2:0, а потоа за две минути постигна два гола.
Креатор на израмнувачкиот гол беше Милош Дегенек, Србин роден во Хрватска, кој во Звезда дојде од Јокохама за 200.000 евра.
Socceroo Milos Degenek scores a crucial, crucial 2nd goal in the UEFA Champions League playoffs to turn this tie on it's head.
As it stands, Red Star Belgrade lead the tie on away goals!
SALZBURG 2-2 Crvena Zvezda (2-2)#UCL #SALZVE #OptusSport pic.twitter.com/Bfmqf49iVU
— Optus Sport (@OptusSport) August 29, 2018
Дегенек е Србин, роден во Хрватска и пораснат во Австралија, а војната сигурно оставила трага за целиот живот.
„Роден сум во Хрватска во 1994 година, во време на војната за независност. Тоа бил тежок период за моето семејство. Сум имал само 18 месеци кога сме морале да го напуштиме нашиот град Книн. Јас сум бил на трактор со мајка ми и со татко ми девет дена додека сме бегале кон Србија. Моите имале само леб и млеко за по пат. Друго се оставиле, куќата, земјата, роднините, пријателите. Тоа е тешка тема за моето семејство. Не зборувам многу за тоа, исто како и татко ми, бидејќи периодот му бил многу тежок. Оттогаш никогаш не бил во Хрватска. Повеќе од 24 години“, вели Дегенек.
Со семејството се преселиле во Аранѓеловац, но набрзо стигна НАТО бомбардирањето, па решиле да се преселат во Австралија.
„Немаше природен свет. Живеевме на конзерви, како кучиња, но најлоша беше неизвесноста. Се чувствуваме како се тресеше земјата со секоја бомба која беше фрлена, ја слушавме бучавата. Беше посигурно во бункерот отколку надвор, но само ако зградата не се урне врз нас.“
„Немавме причина да останеме таму каде што бевме. Татко ми работеше за минималец, мајка ми исто така, фудбалот беше единствената работа која ме правеше среќен и ме држеше подалеку од улиците. Потоа се преселивме во Австралија и секогаш ќе бидат благодарен за се што таа земја направи за мене и моето семејство“, истакна Дегенек.