Новата студија потврдува: Виното има позитивно влијание на вашето здравје!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Порачавте чаша вино со ручекот?

Еве добри вести: Чаша црвено или бело вино во текот на вечерата може да има позитивен ефект на вашето здравје.

Според новото истражување, претставено на Конгресот на европски кардиолози во Барселона, умерената количина на вино може да ве заштити од срцеви заболувања, но само ако се комбинира со редовно вежбање.

Чешкото истражување следеше 146 учесници кои имале благ ризик од срцево заболување. Половината пиеле црвено вино, а другата половина бело вино во периодот од една година. Момците конзумирале две или две и пол чаши дневно, додека жените пиеле една до две чаши. Учесниците воделе евиденција на нивното внесување на алкохол, начинот на исхраната и физичката активност во дневник во текот на студијата.

Лицата кои пиеле вино и вежбале најмалку двапати неделно, имале поголемо ниво на добар холестерол во телото, додека истовремено е забележан пад на влијанието на лошиот холестерол во вкупната количина. Резултатите биле исти без оглед на тоа дали конзумирале црвено или бело вино. Сепак, овие позитивни промени не биле изразени во сличаите кога лицата не се занимаваат со физичка активност.

Така што, кога ќе испиете чаша од омиленото каберне, прошетајте барем околи зграда, ќе живеете подолго.