Гоце се прости од Ванчо: Никогаш нема да стапнам во Орешани!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во Драмскиот театар во Скопје се одржа комеморација за актерската легенда Ванчо Петрушевски кој почина од струен удар во саботата, во неговата викендичка во Орешани.

Од него се простија голем број колеги, а најемотивен беше неговиот долгогодишен пријател и соработник, Гоце Тодоровски:

„Неговата актерска игра се одликува со ненаметливост и спонтаност, со виртуозно обликување на комични и трагични ефекти со што ги плени театарските гледачи и тие стануваат негови обожаватели. Ванчо Петрушевски го вбројуваме во редот на ислучителни актери. Во реализацијата на неговите улоги пристапува со препознатлив такт, истенчен вкус со бараната и добра мерка“, рече Тодоровски, додавајќи дека со Ванчо Петрушевски биле пријатели 57 години.

„Повеќе бев со Ванчо, отколку со самиот себе, 57 години бевме заедно. Викендичката во Орешани беше омиленото место на Ванчо, често бевме таму и заедно. Од тага, веќе никогаш нема да стапнам таму“, рече во солзи Тодоровски.

Освен Гоце Тодоровски, од Петрушевски се простија и други актери: „Јас сум постар десетина години од него, но некако се споивме. Немаше нешто што не знаеше да направи, мајстор беше, но се случи трагедија, го изгубивме. Можам само да кажам голема почит за него. Толку години поминавме заедно и оддеднаш замина. Нека му е вечна слава и лесна земја“, рече Кирил Андоновски.

„Ванчо беше извонреден актер, пријател и човек. Ова не е затоа што е помеѓу ангелите, туку навистина беше таков. Најмногу што можам да кажам е дека му благодарам на бога и на животот што ме спои со него и ја имав можноста да играм со него. Најверојатно кога и јас ќе отидам таму горе ќе си направиме еден театар „Моро окце“ или „Лево ќоше“, рече Благоја Чоревски.

Фото: Ѓ. Личовски, СакамДаКажам