Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има локален пороен дожд и грмежи, а можна е и појава на град, особено на север. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе се интензивираат. Температурата ќе се движи од 21 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје температурата ќе биде до 35 степени.
Позначителна промена на времето ќе има попладне, преку ноќта и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме.
Врнежите ќе се интензивираат во текот на ноќта, како и во понеделник, особено во источните делови. Во вторник се уште на места ќе има врнежи од дожд и ќе продолжи да дува засилен северен ветер. Во понеделник и вторник дневната температура ќе се намали за околу десет степени, особено во северните делови. УВ индекот ќе биде 7.