Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не би земал ниту еден играч на „Енфилд“ од Манчестер Јунајтед.
Ова го изјави поранешниот напаѓач на Ливерпул, Дин Сондерс, кој играше за „црвените“ во сезоната 1991/92 и во 42 натпревари постигна 11 гола.
„Јунајтед е збунет, не знам како дојдоа до тоа. Менаџерот не изгледа среќен, навивачите им се многу несреќни. Бизнисот во клубот не е на висина на задачата. Тоа е како две холивудски ѕвезди, кои одлучуваат да стапат во брак, се знае дека сѐ ќе заврши со солзи“, изјави Сондерс.
„Дали некој од играчите на Јунајтед би влегол во Ливерпул? Јунајтед даде 711 милиони фунти за селекција по заминувањето на Сер Алекс Фергусон. И веројатно нема ниту еден играч кој би се нашол во тимот на Јирген Клоп“.
„Де Геа е подобар од Алисон? Погба? Можеби, но со оглед на проблемите на „Олд Трафорд“ не сум сигурен дека Германецот ќе одбере некој играч за својот состав. Ливерпул исто така, дава многу средства за селекција, но го прави мудро и се движи во вистинската насока“, заклучи Сондерс.