Турција ќе го укинува најатрактивниот дел од нивните аранжмани?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Туристичкиот сектор во Турција размислува да се откаже од концептот „all Inclusive“, пишува турскиот весник „Хуријет“, повикувајќи се на Конфедерацијата на трговци и занаетчии.

Според податоците на индустријата за туризам, системот е веќе исцрпен иако бројот на туристи веќе го има надминато нивото од 2014 година. Сепак, приходите се намалуват наместо да растат. Главна причина е тоа што ефектите од ваквиот начин на работа на хотелите се пониски од очекуваното.


И институциите се солгасни дека нешто треба да се менува во начинот на работа со туристите.

Турскиот министер за туризам и култура, Мехмед Ерсој, според весникот смета дека земјата треба да бара начини како да ги зголеми парите што туристите ги оставаат

Моментално, според хотелиерите, просечниот приход по соба изнесува 76 евра дневно.

Се очекува во 2018 година Турција да ја посетат 36 милиони туристи, што претставува приход од околу 30 милијарди долари, односно 4% од БДП.

Најмногу туристи доаѓаат од Русија – 4,5 милиони во 2017 година.

Потоа следат Германците со 3,5 милиони и Бугарите со 1,85.