На 100 мажи им закажа состанок во исто време, на исто место – еве што испадна од тоа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во изминатиот месец њујоршката манекенка Наташа Апонте на Tinder договараше состаноци со сто мажи кои сите ги договори на исто место и во исто време, без нив да им го открие тоа, пренесува The Guardian.

Во 18 часот, во неделата, стотина мажи стигнаа на плоштадот Union на Менхетен, на она што мислеа дека е интимен состанок со атрактивна и згодна девојка која им рекла дека таму ќе го гледа настапот на нејзин пријател диџеј.

Кога се собраа сите на исто место и во исто време, таа излезе пред нив и им објасни дека за нив има серија прашања и предизвици, додавајќи дека победникот ќе го има единствениот интимен состанок со неа. Во говорот кој го одржа пред нив на микрофон, го оправда својот потег и чин на такво договарање тврдејќи дека се откажала од апликациите за запознавање бидејќи нема доверба во нив, па морала да се реши „секој поединечно да го доведе таму и да види како ќе пројде“.

Прво сите чија последна врска завршила со раскинување од страна на девојката ги замоли да си одат, „бидејќи целосно има доверба во проценката од нивните бивши девојки“. Потоа ги протера и сите кои се во врска, како и оние кои го поддржуваат Доналд Трамп. „Ако мислите дека можете да го поддржувате Трамп, а да одите на состанок со Порториканка, време е да си одите“, им рече Наташа.

Исто така, се ослободи и од момците кои се викаат Џими, од оние со брада, пивски стомаци, пушачите…А после уште низа „бизарни“ критериуми по чија основа елиминираше кандидати, останаа само неколку момци кои добија предизвик во една минута да објаснат зошто таа би требало да оди баш со нив на состанок.

A post shared by NATASHA APONTE (@natashavaponte) on

Испадна дека Апонте, која донесе камера и цела екипа да го снима настанот, соработува со маркетиншката компанија за вирални содржини Rob Bliss Creative. Таа компанија стана позната по продукцијата на видеото во кои Шошан Робертс 10 часа шеташе низ Њујорк за да покаже колку жените се изложени на вербални злоупотреби и напади на улиците.

Од компанијата изјавија дека подоцна оваа недела ќе ја објават целосната снимка од перформансот со сите детали.