Сашо Тасевски е новиот директор на БЈБ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Владата на денешната седница донесе одлука за нов директор на БЈБ да биде назначен Сашо Тасевски.

Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност. Во МВР работи од 2001 година, а од пред неколку месеци е раководител на Управата за обезбедување личности и објекти на МВР. Претходно има работено и како обезбедување на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, како и кај Оливер Спасовски, во периодот кога тој беше технички министер за внатрешни работи.

Во јавноста стана познат по настаните во Собранието на 27 април, каде како дел од обезбедувањето на Спасовски, според многумина, е меѓу клучните кои спречиле поголемо крвопролевање.

Новиот директор доаѓа на местото на Лазе Велковски, кој беше разрешен од функцијата по скандалот со службениот џип.