Скопско обвинителство две години ги влечка Савевски, Демири и Куновски по судови


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Судењата за од активистите на тогашата „Шарена револуција“ – Здравко Савески, Мариглен Демири и Владимир Куновски, никако да добијат разрешница иако предметите се од 2016 година. Повеќето од судските рочишта досега се упорно се одложуваат, пренесува Макфакс.

Една од причините за одлагањата на рочиштата се обвинителите од скопското Јавно обвинителство, кои или бараат одлагање на судењата или воопшто не се појавуваат, тврдат обвинетите. Предметот за Савески го застапува обвинителката Снежана Бундалеска, а другиот обвинителката Наташа Сарамандова. Во судскиот процес за Савески и Куновски на едно рочиште не се појавила, а другото го одложила.

Од обвинението за учеството во шарената револуција и фрлањето боја врз фасадата на Министерството за култура куртули пратеникот Павле Богоевски.