Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што пренесува шпанскиот портал „Дон Балон“, Реал Мадрид до крајот на преодниот рок би можел да донесе едно големо засилување во своите редови.
Според тврдењата на медиумот, претседателот Флорентино Перез спремил 75 милиони евра за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Јулијан Вајгл.
Лопетеги бара дефанзивен играч за врска кој ќе може да ја креира играта, па на таа позиција бара алтернатива за Каземиро. Токму 22-годишниот Германец би бил идеален како партнер со Модриќ и Крос во средниот ред.
Перез сака да му ја исполни желбата на новиот тренер и наводно веќе стапил во контакт со агентите на играчот, а медиумот тврди дека „милионерите“ се спремни да ја прифатат понудата од 75 милиони евра.