Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
30-годишен градежен работник од Британија, Даниел Нигу, откако не бил навремено исплатен за неговата градежна работа, ги срушил неколкуте куќи кои ги изградил како одмазда за ненавременото плаќање.
Новоизградените куќи во британскиот град Бантингфорд биле урнати од страна на човекот кој ги изградил бидејќи не си го наплатил долгот за завршената градежна работа.
61-годишната Елејн, која повикала полиција за време на инциденот изјавила дека кога дошла полицијата човекот бил сосема смирен и изјавил дека не успеал да си ги наплати долгот па поради тоа ги урнал куќите и направил штета од 4 милиони фунти.
Даниел моментално е во притвор каде што чека за да биде изведен пред судот.