Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Странски туристи кои ја посетуваат Северна Кореа сега имаат можност да кампуваат во близина на најголемиот вулкан во таа земја.
Во надеж дека тој дел од Северна Кореа, која ретко ја посетуваат странци, ќе ги привлече посетителите, Роџер Шеферд, кој има големо искуство во одењето по планини во Јужна и Северна Кореа, ја води првата група странски туристи на планината Пекта, на која се наоѓа огромниот вулкан на границата кон Кина, и на која тие ќе кампуваат, пренесува АП.
Во 10. век тука се случи најголемата ерупција на вулканот во историјата на Северна Кореа, а се смета дека тој предел е еден од најголемите во земјата.
Таа планина често ја посетуваат учениците во рамки на ученичките екскурзии, работнички синдикати и домашни туристи, како и кинески туристи кои отседнуваат во сериозни хотели кои го разгледуваат кратерот.
Како што се наведува, Шеферд успеа да ги убеди севернокорејските власти да му дозволат тука да носи странски туристи.
Се смета дека во таа област постојат неколку тајни бункери кои ги користел основачот на државата Ким II Сунг, со своите герилици за време на јапонската колонизација пред 1945. година, поради што странците пред тоа не им било дозволено да ја посетуваат таа област.
Шеферд првата група ја донесе во саботата, и тука ќе минат пет дена во подножјето на вулканот каде им е поставен камп.
Во таа група се две државјанки на Австралија и двајца Норвежани, а според зборовите на Шеферд веќе првиот ден тие воспоставиле блиска врска со својот севернокорејски водач.