Над 2 милиони муслимани се собраа на аџилак на светата планина Арафат


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На планината Арафат, во близина на Мека, во Саудиска Арабија, каде според верувањата во рамки на исламот пророкот Мухамед го одржал последното проповедање пред 14 век, денес на аџилак се собраа повеќе од два милиони муслимански верници.

Таму ќе останат се до мракот, молејќи се и рецитирајќи делови од Куранот, а потоа ќе се упатат кон рамницата Муздалифах, каде што ќе собираат камења за симболичкото каменување на сатаната во долината Мина.

Се очекува муслиманите да одат на аџилак барем еднаш во својот живот, ако се здрави и ако имаат доволно пари за да го сторат тоа.