Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Кривичниот суд во Скопје, денес на дневен ред е закажано ново судско рочиште за предметот на СЈО за изборни измами и злосториничко здружување, со кодно име „Титаник“. Од предложените 1.063 бомби како доказ, досега во судницата беа пуштени 115. За 7 од бомбите, по барање на СЈО, судот одлучи јавноста да биде исклучена со цел заштита на приватниот живот на некои од сведоците кои ги има во бомбите.
Судското рочиште за овој предмет во петокот траеше до 16.30, а судијата Осман Шабани, какопретседател на Советот, рече дека рочиштето ќе трае пократко затоа што е ден пред викенд. Адвокатите на обвинетитепостојано се обидуваа со процесни приговори да го спречат пуштањето на бомбите, барајќи докажување на автентичноста, како и селекција на бомбите според околностите кои СЈО сака да ги докаже од тезата на обвинението.
Специјалното јавно обвинителство за овој предмет предложи 5.910 писмени докази, а предложи и 191 сведок во постапката. Во предметот првообвинет е експремиерот Никола Груевски, а заедно со него обвинети се ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, актуелниот пратеник Илија Димовски и шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер.
Освен нив, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска-Бошковски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
Извор: Макфакс