Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Плејмејкерот на ПСЖ, Адриен Рабио веќе подолго време се поврзува со трансфер во Барселона, но сега и Реал Мадрид се вриклучи во траката за Французинот.
Според француските медиуми, Реал ќе понуди 70 милиони евра за Рабио, кој одби да го продолжи договорот со ПСЖ и е на излезна врата од клубот.
Договорот на Французинот истекува следното лето, па поради тоа Барселона не сакаше да плати 50 милиони евра, бидејќи верува дека следното лето може да го добие без обештетување.
Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез, ќе се обиде да им ја расипе идејата на Каталонците и да го донесе Рабио на „Сантиаго Бернабеу“.
23-годишниот Французин важи за еден од најталентираните плејмејкери во Европа, па во Мадрид во него гледаат идеален наследник на Лука Модриќ.