Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ноќеска, околу еден и пол часот по полноќ, на улицата „Партизански одреди“ во Скопје, противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала при спасување на 18-годишно момче кое се качило на дрво.
Момчето се качило на дрвото со помош на другарите кои потоа го оставиле и заминале. Тинејџерот бил качен на 3,5 метри на дрвото, а спасувањето траело од 1,30 до 2,10 часот.
Во спасувањето учествувале тројца пожарникари. Од полициската станица во Карпош не сакаа да дадат повеќе детали на случајот, пренесува МИА.