Трамп го возвраќа ударот кон медиумите


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


После координираната и здружена осудувачка критика која над 200 американски медиуми ја иницираа вчера против американскиот претседател Доналд Трамп, како реакција на неговите обвинувања дека шират лажни вести, Трамп повторно со критики кон медиумите.

„Не постои нешто што повеќе би го сакал за нашата земја од вистинска слобода на медиумите. Факт е дека медиумите се слободни да пишуваат и кажуваат се што сакаат, но повеќето од тоа се лажни вести, туркање политички агенди или само обичен обид да им се даде удар на луѓето. Чесноста победува“, напиша Трамп на Твитер.

Тој медиумите ги нарече „народен непријател“. На повик на Бостон глоуб, многубројни весници во САД во нивните вчерашни уводници ги осудија нападите на Трамп.