На 30 и 31 август Апелација ќе одлучува за казната затвор на Груевски за „Тенк“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Скопска Апелација има закажано расправи на 30 и 31 август кои се поврзани со жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за казната затвор од две години за случајот „Тенк“, за набавка на блиндиран луксузен мерцедес од 600 илјади евра, пренесува „СДК“.

Груевски на 23 мај годинава е неправосилно осуден на две години затвор за влијание МВР да купи блиндиран луксузен мерцедес од 600 илјади евра од средства на полицијата, по негова лична желба.

Судијката Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 во истиот предмет „Тенк“ го прогласи за виновен и обвинетиот поранешен помошник-министер за јавни набавки во МВР Ѓоко Поповски и го осуди на казна затвор од 6 години и 6 месеци.