Зошто „се скина тапанот“ меѓу Челзи и принцот Хари?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Принцот Хари и Меган Маркл денес се главна тема на британските, па и дел од светските медиуми, како новопечен кралски брачен пар од една од највлијателните монархии на светот.

Но, пред да биде во врска со Меган, па дури и пред воопшто да ја запознае неа, Хари беше во долгогодишна врска со Челзи Дејвис, која за малку и ќе ја направеше војвотка и членка на биртанското кралско семејство.

Хари и Челзи седум години беа во врска, а таа беше гостинка на неговата венчавка, како и на венчавката на Кејт и Вилијам.

Таа му раскина на принцот, а во 2015. летото пробаа да се смират, но не одеше. Челзи држеше до одлуката дека не сака многу да се појавува во јавност.

Таа призна дека медиумите и пречеле, сакала да живее нормално и затоа не можела да го поднесе тој притисок.

Парот остана во пријателски односи.