Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со усвојување на новиот закон со кој на странци им се забранува да купуваат имот и недвижнини таму, Нов Зеланд се обидува да ги намали цените на недвижностите.
Досега пазарот на недвижности на Нов Зеланд беше отворен за инвеститори од целиот свет, но вчера владата го усвои законот според кој само жителите на државата ќе можат да купуваат станбен простор, пренесува „Асошиејтед прес“.
Претходните години имаше многу анегдоти дека богаташите од Силиконската долина купуваат имоти во руралните подрачја од Нов Зеланд како прибежиште во случај на каква било катастрофа, затоа што се смета дека оваа островска држава е најоддалечена од остатокот од светот, па нуди и најголеми шанси за опстанок.
Исто така, постојат и гласишта дека богатите Кинези плаќаат повеќе од локалните жители за купување станови во предградијата на Окленд.
Статистичките податоци покажуваат дека околу 3 проценти од куќите во Нов Зеланд им се продадени на странци, но констатиран е и пораст од 5 проценти во живописниот регион на Квинстаун и околу 22 проценти во Окленд.
Странците со постојано живеалиште во Нов Зеланд и натаму ќе можат да купуваат куќи и станови, како и луѓето од Австралија и Сингапур, бидејќи со тие земји Нов Зеланд има спогодба за слободна трговија.