Виц: Кралицата, Обама и Иванов во пеколот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кралицата Елизабета, Обама и Иванов заедно отишле директно во пеколот.
По некое време, Кралицата рекла:
– Ми недостасува Англија. Сакам да се јавам и да видам што прават сите луѓе таму.
Завртила, разговарала 5 минути и го прашала Ѓаволот колку должи.
– Пет милиони фунти, рекол тој, Елизабета напишала чек и му го дала.
По некое време, Обама станал љубоморен и почнал да вреска:
– Сега јас сум на ред! Да завртам во Америка и да ги прашам сите како живеат без мене!
Завртил, муабетел 2 минути, прашал колку потрошил, Ѓаволот му рекол 10 милиони долари, овој напишал чек и се смирил.
Иванов станал уште пољубоморен и државнички извикал:
– И јас сакам! Сакам да видам што прават луѓето во Македонија! Сакам да разговарам со сите! Со мојот кабинет, ма со сите!
Завртил во Македонија, зборел, зборел, зборел… го фатило 2 саата муабет. Конечно спуштил и прашал:
– Колку должам?
– Десет денари, рекол Ѓаволот.
– Како тоа 10 денари? Овие разговараа само неколку минути па платија еден тон пари а јас за два саата само 10 денари?
– Па, кога вртиш од еден пекол во друг, тоа ти е локал.