Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Врие на социјалните мрежи по последната најава со која дефинитивно се намалуваат граѓанските слободи во Македонија. Владата одлучи УЈП во секое време да има пристап до нашите сметки со што Банкарската тајна во нашата татковина ќе биде непознаница.
Владата го менува Законот за банки, по што Управата за јавни приходи ќе добие пристап до документите, трансакциите и депозитите на граѓаните во секое време, а објаснувањето е дека ваквиот закон е донесен со цел УЈП полесно да ги изготвува даночните пријави за следната година.
Спротивно на праксата во развиениот свет, каде што важи поимот банкарска тајна, во Македонија УЈП ќе може во секој момент да гледа колку пари имате на вашата сметка.
Од јануари наместо граѓаните да ги пополнуваат годишните даночни пријави, тоа ќе го прави УЈП, а даночните обврзници ќе треба само да потврдат.
Ваквата најава предизвика лавина реакции на социјалните мрежи:
Кога ќе ги покаже УЈП јавно сметките на некој политичар кој од голтар а сега со по неколку стана, коли, викендички и сл., слободно буричкајте ми по сметките. Чисто да знам каде грешам
— Зоран Кардула (@ZKardula) August 12, 2018
Девојките вработени во УЈП, најдобро ќе се омажат.
— Сибискит (@konjcheto) August 11, 2018
Лето 2021, шалтер на УЈП:
– Добар ден, да Ве прашам нешт…
– Ооо, добар ден, господине. Како си поминавте на одмор Калитеа, добар хотел сте одбрале… Овојпат жената не ве натера во Космос, па само во Икеа, а? Хехе, добро, гледам и до ЛИДЛ сте наминале…— Острогон (@poliedar) August 13, 2018
68
Власта се обидува
Да го заплаши народот.
Се најавува контрола на сметките банкарски преку ујп. Тоа е работа на финансова полиција по налог на истражен судија.
Се блокираат профили на соц мрежи.
Се бришат пост ови со критики на власта.
Среќна нова 1949
Јас#БОЈКОТИРАМ— Мастерикс (@Megamasterix) August 12, 2018
ммммммм кафенцеее
УЈП: од кај ти пари за кафе?— Dimano (@dimanovski) August 12, 2018
Сериозна бројка е приливот што го остваруваат ИТ дечките и девојките од МК работејќи фриленс за странство. И за тоа си плаќаат уредно данок и си поднесуваат годишна пријава.
Што сака факин УЈП? Да им наплати уште повише данок? Да ги натера и тие деца да киднат од овде?!
Копуци…— Домаќин Чоек СеверинсЌи (@WedFcv100) August 11, 2018
Па не баш. Досега банките засебно имаа увид во твојата сметка. Сега УЈП одеднаш има увид во сите твои сметки, на твоето семејство, на твоите родители, деца, итн. Што мислиш ваква информација во рацете на партиска инсепкторка е добра работа или не?
— Чорбаџи Ја (@CorbadziJa) August 12, 2018
Ново: Вработен од УЈП ќе биде задолжителен на секоја свадба за да ги брои парите од поклонот во плик.
— Џентлмен Филип (@TheSoulBlightR) August 13, 2018