Едниот осуден на смртна казна: Приказната за близнаците што си ги заменија местата во затвор


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во 1984 година, во затворот во Небраска, затворските служби биле изненадени од потегот на двајцата браќа близнаци кои во исто време отслужувале казна затвор во таа институција, кога тие си ги замениле местата во затворот, бидејќи едниот од нив бил осуден и чекал извршување на смртната казна.

Дејвид Мур имал 26 години кога во затворот во Небраска го заменил местото со својот брат Кери Дин Мур. Ним тоа им тргнало бидејќи двајцата ја отслужувале казната во ист затвор во Небраска, а се замениле во текот на средба која се побарале, велејќи дека им треба поради семејни работи.

Измамата сепак ја забележал еден од надзорниците, кои воочил „чудно однесување“ кај „новиот“’ Дејвид.

Инаку, Кери ќе биде погубен идната недела по 40 години чекање казна. Тој е осуден поради монструозно убиство кое го извршил во 1979 година кога убил двајца таксисти, Ројел Ван Нес и Мејнард Хелгенд.

Како што Дејвид рече, Дин го наговорил да се заменат.

„Тој тоа го сака, немам избор“, рече тој тогаш додавајќи дека во тоа време тие двајца биле вистински животни.

Замената се обиделе да ја направат 1984 година при префрлување, која ја замениле гардеробата, па Дејвид е одведен во дел каде осудениците чекале на извршување на смртната казна.

Како што е изјавено, Дејвид ќе присуствува на пуштањето на смртоносната инјекција во телото на неговиот брат.

Синот на едне од убиените, Стив Хегледн на својот Фејсбук напиша дека погубувањето не е убава рабтота и дека на неговото семејство нема да му биде полесно, иако имале 40 години да се навикнат на својата загуба.

„На веста за престојното погубување на убиецот на мојот татко и неговиот колега, различни мисли ми поминуваат низа глава. Неговото погубување ќе биде голема загуба за неговото семејство. Имаа 40 години да се подготват. Убиецот мене ми дозволи 13 години со мојот татко. Би менувал 20 години од мојот живот за 40 години со татко ми“, напиша тој.