Кое е најоддалеченото место на Земјата?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Човечкиот вид остави своја трага во секој агол од планетата Земја, но авантуристите и понатаму копнеат за неоткриени места.

Мирот и спокојот, секако, можат да се најдат во планинарење по македонските планини, прошетки по Доломитите, веслање кану во Шведска и слично, но од вакви места цивилизацијата е оддалечена само неколку километри.

Прашањето кое ги „мачи“ научниците во овој контекст е: „Постои ли на Земјата место кое е толку оддалечено и непристапно, што досега никој го нема забележано?

Географијата како наука има специјален термин токму за такви места – непристапни полови. Притоа, треба да се знае дека тие се географски конструкции, а не физички феномени.

„Непристапниот пол означува место до кое е најтешко да се стигне поради оддалеченоста од географските форми кои би можеле да овозможат пристап до тоа место“, обаснуваат од отсекот за географија на калифорнискиот универзитет во Санта Барбара.

Половите на непристапност обично се континентални или океански точки. Континенталните полови се делови од копно најоддалечени од брегот. На пример, Евроазискиот пол на непристапност се наоѓа во пустината на северозападот од Кина, на границата со Казахстан.

Неговиот океански еквивалент е Поинт Немо во јужниот Пацифик, точка оддалечена речиси 2.700 километри од најблиското копно, островот Питкаирн.

Најоддалечениот остров на светот е ненаселениот Буве, на југот од Атлантскиот океан, во сопственост на Норвешка од 1930 година.

Овој остров, за жал, има многу малку што да им понуди на авантуристите желни за бегство од цивилизација. Поради лошите временски услови, островот е дом на лишаи, мов и габи кои растат на неговите делови кои не се под мраз. Од животински свет таму има албатроси, кралски пингвини и други птици кои поднесуваат ниски температури.

Се поставува прашањето дали постои место на кое човекот уште нема стапнато? Луѓето ја измениле Земјата и оставиле своја трага речиси насекаде, вели Рејнхолд Лејнфелдер, геобиолог на Универзитетот во Берлин.

Дури и на Немо има траги од цивилизација во форма на микропластика.