Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Завчера во Скопје, во семејниот дом, пијан и насилен сопруг и родител го претепал 2-годишниот син. Како последица на тепањето, детенцето се онесвестило, а ги тепал и другите негови три деца и сопругата.
По насилството, мајката која исто така била претепана од сопругот, го однела детенцето во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ и ја известила полицијата. Лекарите констатирале телесни повреди кај детенцето и го задржале на лекување.
Полицијата го уапсила Ф.С.(47), осомничен дека сторил две кривични дела и против него поднела кривична пријава за телесни повреди во вршење семејно насилство, казниво по член 130 став 2 од Кривичниот законик.
Истрагата утврдила дека насилникот кој критичното време бил пијан, а неговата сопруга била на работа, тој го претепал 2-годишниот син, поради што детенцето од ударите паднало во без сознание. Околу 18.30 часот сопругата Ѓ.С. дошла од работа и ги затекнала своите четири малолетни деца заклучени во соба.
Во моментот кога нејзиниот најстар 9-годишен син ја отворил вратата, насилникот ја нападнал мајката. Жената успеала да избега во собата кај децата кои и раскажале дека татко им ги тепал сите, а најмногу најмалиот брат.
По кратко време, мајката со такси возило го однела 2-годишниот син во болница.
Во разговор со полициските службеници мајката изјавила дека ова не било прв случај на семејно насилство, туку дека тој и порано ги малтретирал неа и децата.
Со помош на Центарот за социјални работи на град Скопје останатите три деца биле згрижени во Шелтер центарот.