Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Токискиот Медицинскиот факултет упати јавно извинување поради фалсификување на резултатите од приемните испити откако после извршената интерна истрага, се покажала дека управата цели 12 години интервенирала во резултатите од приемните со цел да го ограничи бројот на студентки и да обезбеди поголем број на доктори од машкиот пол.
Факултетот со ваквата пракса започнал во 2006 година, а можеби и порано, пишуваат светските медиуми.
Од институцијата соопштиле дека тоа не смеело и никогаш повеќе не смее да се случи, и дека ќе ја разгледа можноста за ретроактивен прием на студентките кои го положиле испитот.
Незаконската пракса била откриена во текот на истрагата која била отпочната со цел да се дознае дали син на вработен во министерството за образование се запишал на факултетот со врски, кој за возврат ветил дека факултетот ќе има предност кога е во прашање одобрувањето на средства за научни истражувања.
Истрагата покажала дека на овогодишниот приемен испит, факултетот го намалил бројот на поени на студентките за 20 отсто, за потоа да им додаде најмалку 20 поени на мажите, освен на оние кои претходно не успеале да го положат испитот најмалку четири пати.
Синот на споменатиот службеник во министерството, кој три пати паднал на приемниот испит, добил дополнителни 20 поени кои му овозможиле тој да се најде на листата на примени студенти.
„Искрено се извинуваме поради сериозниот престап на приемните испити со кои ја изневеривме јавноста”, се наведува во соопштението од директорот на факултетот, Тецуo Јукиокa, кој негира дека бил запознаен со ваквите манипулации.