Нема да ги гледате со исти очи: Култни филмски хитови во кои се протнале бесмислици


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Дури ни во најпознатите холивудски блокбастери со милионски буџети и тројно повеќе заработки некои работи едноставно немаат смисла. Ниту се логични.

Bored Panda склопи листа од неколку „дупки“ во филмските сценарија на некои култни филмови на кои, иако воопшто немаат смисла, без некоја причина сме им поверувале, или едноставно и нам ни се протнале тие пропусти и не сме ги забележале.

1. Armageddon

Во „Armageddon“ NASA на помош го повика најголемиот експерт за бушење на бушотини за нафта, Хари С. Стампер, да им помогне во уништување на метеорот кој се заканува да ја уништи Земјата. Но, еден од главните актери, Бен Афлек, во еден момент откри голема бизарност во тој филм.

Би било многу поедноставно астронаутите да се научат како се буши, отколку експерт за бушење нафта да се научи како да стане астронаут. Кога Афлек еднаш тоа го истакнал, режисерот Мајкл Беј едноставно му рекол: „Замолчи!“

2. Lara Croft: Tomb Raider

Целта на Лара во филмот е уништување на триаголникот за Илуминатите да не можат да го искористат. Но, откако ќе го пронајде првиот дел од триаголникот, таа во остатокот од филмот трага по вториот дел, наместо едноставно да го уништи само првиот дел, бидејќи нели, без него, триаголникот нема да биде целосен и нема да може да дејствува.

3. Toy Story

Ако Баз не верува дека е играчка, туку мисли дека е вистински астронаут, зошто се „смрзнува“ кога ќе се појават луѓе, како сите играчки?

4. Gravity

Во филмот Ковалски ѝ вели на Стоун да го пушти бидејќи „јажето не може да ги држи двајцата“, но тоа воопшто нема смисла бидејќи тие двајцата се наоѓаат во истата орбита околу Земјата. Едно тргнување назад би било доволно за да го привлече кон неа.

5. The Da Vinci Code

Воопшто не беше потребно да ја знае шифрата за отворање на капсулата во која се наоѓа оцет од една многу едноставна причина – оцетот мрзне на ниски температури, па смрзнат не може да го уништи папирусот. Доволно беше да го стави канистерот во смрзнувач, да го скрши и да ја открие пораката.

6. The Hangover

Денес секое казино има надзорни камери на секој агор, што значи дека би било апсолутно невозможно никој цели два дена да не забележи дека Даг се пржи на покривот.

7. Cinderella

Ако магијата завршува на полноќ, зошто стаклената чевличка останува стаклена и после полноќ?

8. Harry Potter and the Deathly Hallows – part 2

Во сите продолженија на филмовите со Хари Потер се соменува дека Хари има исти очи како мајка си. Но, во ова продолжение од франшизата, во сцената кога неговата мајка Лили и Снеп се појавуваат како деца, Лили има кафеави очи, иако Хари има сини.

9. Eurotrip

Мике ја блокираше само меил адресата од Скот. Можеше да прати порака од друга меил адреса и да го избегне целиот пат.

10. Great Gatsby

Кога Ник се обиде да го најде Гетсби на забава, неколку луѓе му кажаа дека никој никогаш не го видел Гетсби. Меѓутоа, подоцна во филмот се прикажани флешбекови кои прикажуваат весници со негова фотографија и информации за неговите потези.