Голема опасност ви се заканува ако спиете повеќе од 8 часа?!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Луѓето кои спијат подолго од осум часа дневно имаат поголеми шанси да починат млади, покажува најновото истражување.

Сите оние кои секогаш наоѓаат време за попладневна мерка, би можеле да страдаат од сериозно пореметување на спиењето, кое може да попречи на дишењето. Поради тоа сите оние кои спијат повеќе од осум чада дневно имаат ризик да починат млади.

Истражувачите од Универзитетот во Кил го анализираа квалитетот на спиењето на три милиони луѓе од 1970. до 2017. година.

Научници од Манчестер, Универзитетот во Лидс и Ист Англија утврдија дека тие кои спијат повеќе од осум часа дневно го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања за 44%.

Главниот истражувач др. Чун Шин Квон истакна за Мирор дека нивната студија покажува дека „спанковците“ можат да се соочат со срцеви проблеми.

Истражувањето меѓутоа, не покажа дали има разлика помеѓу оние кои спијат помеѓу седум и осум часа и оние кои спијат помалку од седум часа во ноќта.

„Тоа е сериозно пореметување на сонот кој се јавува кога дишењето на личноста ќе прекине во текот на спиењето“, вели Квон.