Две лица од Битола заработија кривични за говор на омраза на Мечкин Камен


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Прилепската СВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Прилеп, против М.Д. (24) и Ѓ.Д. (19), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнeние за сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“, казниво по член 319 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

„Во врска со настаните во Крушево на 2 август во полициска станица се повикани повеќе лица и по документирањето на случаите и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“ соопштуваат од МВР.

Од Основното јавно обвинителство Прилеп известија дека преземаат „дејствија за утврдување на факти и прибирање докази во врска со нападите и говорот на омраза кои беа изречени за време на одбележувањето на државниот празник на Мечкин Камен“.

Во пријавата од полицијата, пишува дека двете лица организирано присуствувале на прославата на Мечкин Камен како дел од група составена од навивачи од повеќе навивачки групи.

За време на положувањето на цвеќе од страна на присутните делегации провопријавениот М.Д., второпријавениот Ѓ.Д. и други лица, стоејќи во непосредна близина до ВИП ложата, спроти бината каде се одржувала манифестацијата, скандирале навредливи пораки со што сториле кривично дело „предизвикување омраза, раздор, или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа, пишува во пријавата од МВР.

Тие се снимени, а видео записот бил емитуван на една од националните телевизии.

Извор: Нова ТВ