Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Индонезиската полиција ослободи 28 годишна жена која била жртва на локалниот свештеник кој 15 години ја држел затворена во пештера.
83 годишниот селски „шаман“ доби обвинение за киднапирање 13 годишно девојче во областа Сулавеси , а потоа малтретирање и убедување дека поседува лош дух. Тој пред повеќе од десет години сексуално се изживувал врз девојчето, кое сега има 28 години. Човекот бил познат како исцелител и изведувач на црна магија.
Пред 15 години девојчето било донесено кај него за да го лечи од црна магија. Нејзиното семејство ја оставиле убедени дека нешто не е во ред за да биде излекувана.
Таа по извесно време се вратила дома , но подоцна исчезнала . Неколку години траела потрагата по неа , кога полицијата ја прогласила за исчезната. Полицијата во неделата ја пронашле во мала пештера позади импровизирана градба.
Старецот дење ја пуштал да влезе во неговиот дом , но навечер ја затворал во пештерата. Доколку биде осуден , се соочува со казна затвор од 15 години.