Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тие живеат за летна романса и не очекуваат од вас ништо повеќе од тоа, а со нив дефинитивно најдобро ќе се забавувате. Проверете дали токму вие сте еден од нив, ако не, откријте во кој знак би требало да го барате партнерот за ова лето.
Стрелец
Стрелците се познати авантуристи во сите полиња, па така и во љубовното. Слободни, позитивни и подготвени речиси на се. Со личностите во овој знак сигурно одлично ќе се забавувате, а би можеле да почувствувате и пеперутки во стомакот. Но, кога вашата летна авантура со Стрелецот ќе се заврши, тој ќе ве пушти и ќе се насочи кон нови авантури.
Овен
Овните ништо не сфаќаат пресериозно, што ги прави идеални партнери за летна романса. Освен тоа, личностите родени во овој знак ќе ви го направат летото позабавно, бидејќи ќе ве натераат да пробувате нови работи, и вие како нив да се опуштите и не размислувате за иднината. Па така, ако сонувате за совршена летна авантура која ќе ги оттргне вашите мисли од секојдневнието, Овенот е идеален знак за тоа.
Водолија
Сакате авантура со личност која може да ви стане одличен пријател, побарајте некоја водолија. Тие сакаат да запознаваат нови луѓе, слушаат нови приказни, но и неоптеретено уживаат во летните романси. Со личност родена во овој знак можете да доживеете страствена ноќ, а веќе утредента заедно да седнете на кафе и да зборувате како ништо да не се случило. А ако случајно се заљубите во нив, дури тогаш би можеле да бидете разочарани, бидејќи Водолиите тешко се впуштаат во сериозни врски.
Близнаци
Близнаците се природни заводници и не сакаат да го минуваат летото во сериозни врски. Забавата им е на прво место, па вам со нив сигурно нема да ви биде досадно, а со оглед на тоа дека по природа се флексибилни, со нив ќе може лесно да се договорите, и нема да ви ги расипат плановите, туку ќе ви се придружат. По летото вас брзо ќе ве заборават, а тоа е и она што го барате, зарем не?