Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Амбасадорот на Канада во Саудиска Арабија доби 24 часа од Саудијците да ја напушти земјата, откако Канада го критикуваше апсењето на активистка за човекови права и бараше ослободување на уапсените активисти.
Саудиска Арабија ги прекина врските со Канада откако Отава го критикуваше Ријад за уапсените активисти за човекови права. Меѓу нив е и поборничката за правата на жените, американска државјанка со саудиско потекло Самар Бадави, која веќе долго време повикува на укинување на обичајот по кој Саудијките за сите важни одлуки мораат да добијат дозвола од машките членови на семејството.
Исто така, саудиското министерство за надворешни работи најави дека ги стопира сите проекти меѓу двете земји, а Канада увезува околу 10 отсто од нафата на Саудиска Арабија.
Во соопшението на министерството се истакнува дека другите земји не треба да се мешаат во внатрешните работи на земјата, која сигурно води поголема грижа за сопствените граѓани.
Од друга страна пак, канадското министерство за надворешни работи излезе со соопштение во кое нагласи дека се загрижени за чекорот на Саудиска Арабија, но дека секогаш ќе бидат на страната на човечките, особено на женските права.
Откако Саудиска Арабија го протера канадскиот амбасадор поради критиките за кршење на човековите права, тие отидоа чекор понатаму и на својот Твитер профил објавија скандалозен твит.
Објавата на официјалната Саудиска Твитер страница Инфографик КСА, која подоцна е отстранета, тешко може да се протолкува како нешто друго од заканувачка алузија на терористички напад. И тоа не било кој терористички напад, туку оној изведен на 11 септември 2001 година на Пентагон и кулите близначки во САД.
Со фотомонтажа на авион од авиокомпанијата Ер Канада кој лета ниско над Торонто и изгледа како да ќе се забие во познатата ЦН кула во Торонто, овој сајт ја стави следната порака: „Го буткаат носот каде што не му е место! Како вели арапската поговорка: „Оној кој се меша во она што не го засега, го наоѓа она што не му се допаѓа“.
Пораката е напишана на повеќе јазици.
Твитот предизвика згрозување на социјалните мрежи, па не е чудно тоа што саудиската страница набрзо го отстрани. Но го замени со речиси идентичен, освен што во новата верзија го нема спорниот авион.
Покрај тоа, објавиле и извинување во кое се обидуваат да го оправдаат својот „несоодветен“ твит со тврдењето дека очигледната алузија на нападите од 11 септември била ненамерна: „Авионот требаше да го симболизира враќањето на амбасадорот, сфаќаме дека тоа не беше јасно, и секоја друга смисла е ненамерна. Се извинуваме на секому кој е навреден.“