Панталончињата ѝ биле премногу жешки за мажите – поради нив ја избркале од трговски


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


19-годишната Габриел Гибсон од Алабама на нејзиниот Фејсбук профил сподели фотографии на кои позира облечена во „контроверзната“ комбинација поради која имала проблеми во локалниот трговски центар.

„Денеска бев буквално злоставена и избркана од центарот “Bellair” во Алабама поради она што го носев. Очигледно, возрасните мажи не можеле да се соземат па затоа бев избркана”, напишала Гибсон покрај фотографиите.

Трговскиот центар набрзо издал соопштение во кое објаснуваат дека се фокусирани на „одржување на семејна атмосфера” и дека секој кој носи облека која ги прекршува нивните правила „ќе биде замолен да го напушти објектот”.

Како што вели Габриел, едно од лицата што го обезбедувале шопинг центарот ѝ кажал дека зјапал во нејзиниот задник и тоа било проблем.