Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кристиано Роналдо веќе ја започна својата нова авантура со Јувентус, на 18 август го очекува и првиот официјален натпревар против Киево на гостински терен.
Имено после вчерашниот тренинг натпревар во Торино помеѓу првиот и младинскиот тим на Јувентус (до 23 години) во кој Роналдо бил еден од стрелците слободното време го поминуваше со својата атрактивна девојка Георгина Родригез.
Георгина на социјалните мрежи објави фотографија заедно со Роналдо под која додаде опис: „Добро вечер со мојата љубов“.
Buona sera con il mio amore.. ❤ pic.twitter.com/6JLFz5xQ8f
— Georgina Rodríguez (@georginajaca) August 5, 2018
Љубовниот пар подоцна се појави на улиците во „градот на модата“, Милано, а секако тука беа голем број на фанови и новинари кои ги следеа во секој чекор, а дел од фановите успеаа да си добијат и автограм од славниот фудбалер.