Што е тоа што доведува до сексуална анксиозност?!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Иако сексот би требало да биде издувен вентил и ви го подигнува нивото на расположение, многумина имаат проблем во текот на односот, а тоа може да доведе до сексуална анксиозност.

Сексуалната анксиозност е еден вид неможност да се ужива во сексуалниот однос, односно недоволно уживање во сексот поради преокупација за прашањата врзани за начинот и квалитетот на односот, како и поради несигурноста во сексот.

Сексот не е само физичка работа.

Возбудувањето е поврзано со емоциите и со самиот ум. Ако умот ви е оптеретен, телото реагира негативно и нема сексуално возбудување.

Примери на сексуална анксиозност има разни, а најчести се:

– незадоволство со сопствениот физички изглед

– потешкотии во врска со партнерот

– страв дека не сте добри во креветот

– загриженост за големината на половиот орган

– страв од прерана или задоцнета ејакулација