Извинување од 5 милијарди долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Комбинацијата од големите финансиски загуби и недоличните реакции и коментари на газда Илон Маск ја го доведоа автомобилскиот и технолошки гигант „Tesla“ во незавидна и критична положба.

Но, едно извинување кое стигна лично од страна на извршниот директор беше доволно за берзанско оживување на „Тesla“ и скок на вредноста на нивните акции.

„Сакам да се извинам поради однесувањето на минатата конференција. Искрено, сметам дека навистина немам оправдување за моите лоши манири. Некако се прекршив себеси во тој поглед“, изјави Илон на конференцијата на „Tesla“.

Ова извинување е резултат на конференцијата која се одржа во мај, на која Маск изјавил дека прашањата кои се поставуваат се здодевни и глупави и одбивал да дава одговори.

„Tesla“ соопштила дека имала загуба од 717,5 милиони долари во овој квартал, меѓутоа извинувањето на Илон Маск помогна вредноста на компанијата да порасне за 10 отсто во денешното тргување, што е повеќе од пет милијарди долари.