Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Премиерот Заев вчеравечер во интервју открива дека понудил влез во Владата на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат лидерот Мицкоски да го поддржи договорот со Грција.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ова категорично го одбил.
– Дадов понуда до 2020 да бидам премиер, но подготвен сум да го споделам својот мандат со ВМРО-ДПМНЕ, да го одработиме референдумот, но го одбија тоа. Им испратив покана да влезат во Владата додека не станеме полноправна членка на НАТО, до крајот на 2019, почетокот на 2020 година кога ќе почнат и преговорите со ЕУ. Но, готово е тоа сега, Го одбија предлогот, вели Заев.
На ваквата понуда, Мицкоски одговорил дека нема намера да биде дел од влада која работи спротивно на интересите на Република Македонија, спроведувајќи капитулантски договор, и дека влезот на влада го сфаќа како своевиден поткуп кој тој не го прифаќа.
Имено, она што се знае е дека Мицкоски иако претходно критикуван во јавноста за попусливост и мекост во ставовите, останал исклучително тврд во своите ставови до крај, изборувајќи се за техничка влада пред избори, ДИК и нов закон за финансирање на партии.
Каменот на сопнување е референдумското прашање кое, според ВМРО-ДПМНЕ мора да биде недвосмислено и да не се доведува во корелација со интеграцијата во ЕУ кој е друг процес и тема.
Воедно за познавачите на состојбите зачудува пазарењето на Заев, особено што тврдеше дека дури над 70 отсто го поддржуваат договорот со Грција.
Извор: Јавно