Необичниот модел и уметник, Zombie Boy изврши самоубиство (ВИДЕО)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Моделот и уметник, Рик Генест, познат како Зомби Бој, почина во 32. година од животот, потврдија полициски извори за Радио – Канада.

Генест го привлече вниманието на јавноста по тетовирањето на телото, од глава до пети, а на главата имаше истетовирано костурска глава и мозок. Постигна Гинисов светски рекорд по бројот на тетоважи на инсекти 176, а вториот за тетоважа на човечки кости 139.

Уметноста на истетовираност на неговото тело ги заинтригира модните дизајнери од Париз и Берлин, што го лансираа на врвни модни случувања. Во 2011. година се појави во видео запис на Лејди Гага за песната Борн Дис Веј.

Полициските извори изјавија за Радио – Канада дека Генес починал во Монтреал во четвртиот Plateau – Mont Royal. Смртта ја класифицирале како самоубиство.

https://twitter.com/ladygaga/status/1025173295539335169