Боатенг му се нуди на Манчестер Јунајтед


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Централниот дефанзивец на Баерн Минхен и Германија Жером Боатенг бил предложен на Манчестер Јунајтед од страна на агентите, пренесуваат медиумите на Островот.

„Црвените ѓаволи“ се во потрага по квалитетен дефанзивец и преговараат активно за Јери Мина, Тоби Алдервеирелд и Хари Мегваер, но преговорите не вродуваат со плод.

Боатенг пак, беше блиску до трансфер во Пари Сен Жермен, но двете страни не успеаа да стигнат до договор, а Баерн веќе му ја отвори излезната врата на 29-годишниот дефанзивец.

„Билд“ додава дека Јунајтед има интерес кон Боатенг, па од „Олд Трафорд“ се подготвени да понудат размена со Антони Марсиал. Според истото издание цената на Французинот е околу 65 милиони евра, додека Баварците сакаат за дефанзивецот 10 милиони помалку.