Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Момчето беше убедено дека берберот го пресече неговото уво, па дури и му рече дека не слуша добро, а кога ја виде лажната крв, прописно се исплаши.
Берберот Џуд Саниакандро, кој има свој берберски салон на Флорида, направи несолена шега и местенка со малиот Вито ДиПалма додека го потстрижуваше во берберницата, симулирајќи дека му го пресече увото за време на стрижењето.
Додека го потстрижуваше малиот Вито, тој почна да вика: „О, срање! Не мрдај! Чекај да земам крпа. Те боли ли?“, а момчето го интересираше што се случило, па почна да ја вика мајка си.
„Шшш, немој да кажеш на мајка ти, мислам дека си добро, само малку ќе го стиснеме увото“, му рече Џуд, а потоа веднаш одглуми дека повредата е страшна.
„Те молам викни ја мајка ми“, му велеше момчето и се жалеше дека не слуша добро, а Џуд цело време повторуваше „О Боже!“ и ја бришеше лажната крв од малиот.
Кулминацијата беше кога берберот му го покажа на Вито „отсеченото“ уво (од гума). Тогаш ја викнаа и мајка му велејќи дека дошло до незгода кога малиот се мрднал за време на потстригувањето. На крајот, Џуд му призна на Вито дека го насамари, а малиот победоносно велеше дека не успеал да го расплаче.