Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Полицијата во Шведска смртно застрела 20-годишно момче болно од Даунов синдром и една форма на аутизам, пренесуваат светските медиуми.
Полицијата пукала во Ерик Торел, мислејќи дека тој во рацете има вистински, а не пластичен пиштол, велејќи дека се однесувал „заканувачки“.
Трагедијата се случи во предградието на Стокхолм, Васастан, а полицискиот тим излегол на терен во четвртокот наутро откако било јавено дека „маж има пиштол“.
Полицијата соопшти дека нејзините припадници отвориле оган и дека младиот човек бил префрлен во болница, каде што починал од претрпените повреди.
Мајката на убиеното момче рече дека пиштолот-играчка бил подарок и дека нејзиниот син бил „сериозно онеспособен“ и дека е невозможно да изгледал „заканувачки“ затоа што бил „како тригодишник“.